Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието Хуманитарна акција ,, Survival in sarajevo,, Отворање на изложба „Изгубениот свет на сефардските евреи на Балканот и Македонија“ и Комеморација по повод 27 Јануари- Ден на жртвите на Холокаустот – Билјана Шотаровска, ООУ БлажеКонески, ООУ Ѓорѓија Пулевски
Опис на активноста:
Проектот за филмот и изложбата survival in sarajevo е дел од темата хуманитарна акција, изработена во 4 –та недела од месец март по предметот граѓанско образование во 9 одделение. ОУ Блаже Конески паралелки: 9 а, б и в
Вкупен број на ученици кои учествуваа во проектот : 54 ученици од кои 28 девојчиња и 26 момчиња
Време на реализација, 2 наставни часа, март –април 2015 година.
Цели на часот:
-Да се изгради позитивен став кон хуманитарното дејствување.
-Да анализира кога и на кого му е потребна помош да воочува и оценува ситуации на очевидец.
-Да објасни кога се загрозени а кога се почитуваат човековите права.
-Да знае дека во услови на војна постојат правила-женевските конвенции и мхп
рефлексија:
-Учениците успешно ги детектираа проблемите и страдањата на населението прикажано на фотографиите.
-Покажаа емпатија и сензибилизација кон состојбата на жртвите на воен конфликт.
-Умеат да анализираат ситуации кога некому му е потребна помош и му е загрозен животот.
Ја разбираат неопходноста од пружање помош,
Знаат да ги почитуваат човековите права во случај на воен конфликт или елементарна непогода.
-Знаат да ги применуваат правилата на мхп и женевските конвенции.
You must log in to post a comment.