Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

 ,,Волкот и седумте јариња‘‘- Виолета Ристеска, ООУ,, Климент Охридски ‘‘ – Прилеп 

Опис на  активноста: 

АКТИВНОСТА СЕ СОСТОИ ОД  ПОВЕЌЕ СЕГМЕНТИ И СЕ ОБРАБОТУВА НЕКОЛКУ ЦАСОВИ ЗА ДА СЕ ОПФАТАТ СИТЕ ФАЗИ. НАЈПРВО СЕ ЧИТА ИЗРАЗНО ПРИКАЗНАТА, СЕ ДОЛОВУВААТ СИТЕ МОМЕНТИ СО ИЗМЕНУВАЊЕ НА ГЛАСОТ , А ПОТОА СЕ ПРЕРАСКАЖУВА ПРИКАЗНАТА ПРЕКУ ПОВЕЌЕ ТЕХНИКИ НА ЈАЗИЧНА ПИСМЕНОСТ. ( ПРЕДВИДУВАЧКИ ПРАШАЊА, МРЕЖА НА ТЕМАТА, КОЦКА, ЅВЕЗДА НА ПРИКАЗНАТА, БОЕНКА, ЛЕНТА НА ПРИКАЗНАТА  )…

СИТЕ АКТИВНОСТИ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ПРЕКУ ИНТЕРАКТИВЕН НАЧИН СО УЧЕНИЦИТЕ И СИТЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО НЕКОЈА АКТИВНОСТ, СЕКОЈ УЧЕНИК ДАВА ПРИДОНЕС ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АКТИВНОСТА, СО ПИШУВАЊЕ, ЧИТАЊЕ, ПРЕЗЕНТАЦИЈА, ГЛУМЕЊЕ.

поучувачки активности :

–  разговор за чувствата;

–  повикување за да се  изведе  една активност каде се покажуваат  чувствата; 

– презентирање конфликтни ситуации од приказната и други конфликтни ситуации. Повикување на учениците да симулираат соодветен начин на однесување на понудените содржини; 

Пеење песни од приказните и глумење на ликовите сега сите позитивни 

Последна активност. Секој ученик подготви подарок за друг ученик. На крајот од часот, секој ученик добива подарок од свое другарче и порака преку која се пренесува љубов, емпатија, … 

 Рефлексија од примена на активноста во пракса :

Поставените цели се успешно реализирани. 

Учениците преку приказната свесни дека нема целосно негативни и целосно позитивни ликови што во иднина ќе им помогне штом ќе се појави некоја конфликтна ситуација.  

– учениците умеат да  направат разлика меѓу соодветно и несоодветно однесување; 

– учениците  сфатија  дека несоодветното однесување може да предизвика конфликт ; 

–  учениците умеат соодветно да се однесуваат во конкретни ситуации ; 

 

 

 

 

 


Discover more from Nobody Less

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Leave a Reply