Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието 

Дебата „Достигнување на светските трендови во образованието“, ООУ ДИМИТАР ВЛАХОВ, ШТИП, МАРИЈА ПЕТРОВСКА 

Опис на  активноста:  

ЦЕЛНА ГРУПА:УЧЕНИЦИ ОД 11-14ГОДИНИ 

ЦЕЛИ НА РАБОТИЛНИЦАТА: Развивање на критичкото мислење и личноста кај учениците,решавање проблеми. 

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТА НА РАБОТИЛНИЦИТЕ:Устен метод (монолошки),Разговорен метод (дијалошки),Пишан метод,Илустративен метод 

ЕМОЦИИ: СРЕЌА,СТРАВ,ЗАДОВОЛСТВО,БОЛКА,ОПАСНОСТ,ЉУБОВ,ВИСТИНА,ВИНА,ПОЧИТ,ЛУТИНА,СОЧУВСТВО,ОСАМЕНОСТ, 

САМОУВЕРЕНОСТ,ЗБУНЕТОСТ,ГОРДОСТ,ИЗНЕНАДЕНОСТ. 

Дебатата е реализирана во воннаставни активности т.с. на состанок на училишната организација , составена од претседатели и заменици на одделенија, координативно тело и претседател на училишната организација. 

На дебатата се поканети претседателите и замениците од шесто до девето одд. и ученици кои доброволно сакаат да учествуваат,имаше голем интерес од учениците. При поканата се внимаваше да има полова,етничка,социјална и инклузивна еднаквост.Поканети беа и децата правобранители,родители,наставници,педагошка служба(психолог,педагог,социјален  работник,дефектолог-логопед),директор и локалниот советник за образование.За подготовките на дебатата учениците се организираа  меѓу себе, со што ги покажаа своите организациони и лидерски способности.Секој ученик од деветто одделение имаше свое задолжение. Освен учениците во двата тима, имаше и други ученици кои учествуваа во организирање на дебатата и нејзино успешно спроведување.

Се формираа тимови на ученици кои имаа посебни задолженија: бирање тема и составување сценарио и дискусија,водител и составување прашања,кореографија,слики,видео,покани и список на поканети ,ливчиња за гласање,украсна хартија со напишан наслов на дебатата и тимовите и нивни пароли и слогани,уредување на училницата. 

Дебатата ја реализирав со ученици од деветто одделение поделени во два тима ( тим А и тим Б) по шест ученици и водител.Планирано беше во публика да има од 25-30 ( ученици,служба…)но поради големиот интерес имаше повеќе присутни. 

Учениците имаа  помош од мене ,но тие сами ја осмислија дебатата и темите,многу вредно работеа и се ангажираа во секој сегмент на припрема и реализација.Беа поттикнати да размислуваат што им е потребно за подобрување на условите во училиштето и како да го решат проблемот.Да бидат во тренд на 21-век. 

1.ВОВЕДНА АКТИВНОСТ: 

ДЕЦАТА ДИСКУТИРАА ДЕКА ОДБРАНИТЕ ТЕМИ СЕ СО ЦЕЛ ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО ЗА УЧЕНИЦИТЕ  И ОБРАЗЛОЖИЈА ДЕКА ОДБРАНИТЕ ТЕМИ ИМАА НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ ОД ПРЕТХОДНО СПРОВЕДЕНАТА АНКЕТА СО УЧЕНИЦИТЕ ОД ШЕСТО ДО ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ. 

  1. ГЛАВНА АКТИВНОСТ:

Тим А дебатираа на тема : Секој ученик- свое катче. Во нашето училиште наставата се реализира во кабинети,поради тоа учениците се во постојано движење од еден во друг кабинет и се појавува недостаток од место каде ќе ги оставаат своите работи .Пример  кога одат на големиот одмор го носат својот ранец кој е претежок , купуваат храна и јадат ,на час по физичко образование не им е потребна ташна туку само опрема…Поради големиот број на часови децата се оптеретени со тешки ранци и имаме голем проблем со појава на неправилности во нивниот физички развој.Тој проблем мислам дека е на ниво на цела држава.Децата предложија да се направат шкафчиња каде ќе можат да ги оставаат своите работи и да се растеретат. 

 Тим Б дебатираат на тема : Здрава исхрана-здрави деца .Учениците сметаат дека јадат премногу брза храна ,која ја набавуваат од локалните сендвичари,која не е добра за нивното здравје и понатамошен развој и бараат изградба на кантина каде ќе можат да јадат еден топол и здрав оброк за времето додека престојуваат во училиште.Го истакна проблемот на зголемена телесна тежина кај учениците. 

 3.ЗАВРШНА АКТИВНОСТ: 

На дебатата присуствуваа ученици од различна возраст, социјална структура,етничка,полова ,но функционираа како едно тело . Внимателно беа ислушани тимовите од ученици и потоа се разви дискусија ,прашања и предлози од сите присутни. 

Публиката се одлучи за Тим А –Катче – за секое дете. 

Рефлексија од примена на активноста во пракса:  

Учениците уште кога го запознаа директорот за нивната идеја за реализирање на дебата и го поканија ,наидоа на многу позитивен прием , подршка и поттик за креирање и на други вакви дебати ,работилници ,трибини.На победничкиот тим, директорот им вети дека во најбрз  можен  рок ќе се потруди да го исполни нивното барање за решавање на потребата од шкафчиња во училиштето .Директорот ги пофали двата тима и истакна дека и потребата од кантина и топол оброк за секој ученик е прекрасна идеја, но финансиски е потешко да се спроведе. 

 

Постигнати резултати за развој и напредување на учениците од спроведената активност:Се надевам дека нивниот труд и работа ке биде виден и чуен и од вас и децата ќе бидат среќни и поттикнати за нови победи .Дека ќе им го трасираме патот за нови успеси понатака и ќе бидат пример и за други ученици и училишта дека нивното мислење е драгоцено и дека секоја работа, труд и волја се исплати.Поголема самодоверба кај учениците,отворање на многу теми за дискусија и решавање проблеми,критичко мислење и решавање на проблеми,можност да биде слушнат ученикот за разлика од класичната настава,дадена можност ученикот да биде на повисоко местото -да поставува проблеми и прашања и за истите да бара решение. 


Discover more from Nobody Less

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Leave a Reply