КОНКУРС ЗА PRO SOCIAL VALUES РАБОТИЛНИЦИ – МАКЕДОНИЈА
Здружението ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО во рамки на Поектот Pro Social Values (Просоцијално учење или учење со емпатија) поддржан и финансиран од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија, објавува КОНКУРС ЗА Pro Social Values РАБОТИЛНИЦA – имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието.
- Право на учество на конкурсот имаат едукатори од сите степени на образование.
- Активноста треба да произлезе од сопствената пракса (примери на добра пракса, проектни, игровни активности) и треба да прикажува учење насочено кон подобрување на комуникацијата, развивање емпатија, меѓусебно помагање и инклузија во училишната образовна практика, зголемување на соработката меѓу децата и младите, како и меѓу родителите, наставниците и пошироката заедница и локална средина.
- За учество на конкурсот едукаторите треба да пополнат формулар со податоци за наставникот, профилот на работна позиција, институција во која работи, како и опис на спроведената активност.
- Заедно со пријавата, наставникот треба да достави од 5 до 10 фотографии или видео матерјал (во времетраење од 3 – 5 минути) на кои е прикажана соодветната активност.
- Пријавите треба да се поднесат најдоцна до 31 јануари 2019 година, исклучиво по е-пошта на адреса на Здружението ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО: friendsofeducation2@outlook.com, со назнака: „Учество на конкурс за Pro Social работилница“. Фотографиите или видео матерјалите за соодветната активност треба да се пратат заедно со формуларот, во прилог (attachment) на истиот е-mail.
- Сите пријавени едукатори кои ќе аплицираат на конкурсот, ќе може БЕСПЛАТНО (без уплата на котизација) да присуствуваат на Петатта Меѓународна Еду Конференцијата на наставници и информатичари 2019.
- На сите пријавени едукатори кои ќе аплицираат на конкурсот ќе им се додели сертификат за учество со работилница на меѓународен проект од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија.
Формата за пријавување е достапна на следниот линк и не треба да излегува од приложената рамка, односно, не треба да надминува две страни.
Работилниците ќе бидат евалуирани од страна на жири составено од Универзитетски професори и советници од БРО, кои ќе изберат 30 најуспешни работилници, евалуирани според следните критериуми со еднаква важност:
- Оригиналност
- Применливост
- Опис на методолошки пристап
Прирачник за наставниците со примери за работилници за конфликти и стереотипи е достапен на следниот линк.
Прирачник за наставниците со едукативни игри наменети за учење со емпатија е достапен на следниот линк.
Discover more from Nobody Less
Subscribe to get the latest posts sent to your email.