Пријава за учество на конкурс  Pro Social Values работилница за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Павлинка Вељаноска

ооу,, Гоце Делчев,, -Неготино

                                                                           Опис на  активноста 

ВОВЕДЕН ДЕЛ: 

МУЗИКА- СТОП- УЧЕНИЦИТЕ ТАНЦУВААТ НА ОДБРАНИ КОМПОЗИЦИИ ОД РАЗЛИЧНИ ЖАНРИ. НАСТАВИКОТ НЕНАДЕЈНО ЈА СОПИРА МУЗИКАТА ПОВЕЌЕ ПАТИ. ПРИ СОПИРАЊЕТО, УЧЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ЗАСТАНАТ ВО ЗАТЕКНАТАТА ПОЛОЖБА И СО ТРИ ПРИДАВКИ ДА ОБЈАСНАТ КАКО ЈА ЧУВСТВУВААТ МУЗИКАТА.

ГЛАВЕН ДЕЛ:

НАСТАВНИКОТ ОБЈАСНУВА ДЕКА НЕКОИ КОМПОЗИЦИИ СЕ НАПИШАНИ ВО ДУРКИ А НЕКОИ ВО МОЛСКИ ТОНАЛИТЕТ. ТАКА, ПОСТОЈАТ ДУРСКИ И МОЛСКИ СКАЛИ. БИДЕЈЌИ НА УЧЕНИЦИТЕ ИМ Е ПОЗНАТА ДУРСКАТА СКАЛА, СЕ ПРАВИ ,,ЖИВА СКАЛА,, ОД УЧЕНИЦИТЕ СО НАЗНАЧУВАЊЕ НА ЦЕЛИ И ПОЛУСТЕПЕНИ. ПОТОА, ОД НЕА, ПО ПРАВИЛОТО ЗА ДОБИВАЊЕ НА МОЛСКА СКАЛА СЕ ЗЕМА 6 СТАПАЛО И СЕ ДОБИВА А-МОЛ СКАЛА. СЕ ЗАПИШУВА  ДОБИЕНАТА СКАЛА.  НАСТАВНИКОТ ИМ ЈА СВИРИ СКАЛАТА А УЧЕНИЦИТЕ ДАВААТ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ЗВУЧНОСТА. НАСТАВНИКОТ НАПОМЕНУВА ДЕКА ПОНЕКОГАШ ЗА ДУРСКАТА СКАЛА СЕ ДАВААТ КАРАКТЕРИСТИКИ ДЕКА Е СВЕЧЕНА, ХЕРОЈСКА, МАШКА, (MAJOR) МОЛСКАТА ДЕКА Е ТАЖНА, ПЛАЧЛИВА И ЖЕНСКА.(MINOR). ТУКА ИМА ДИСКУСИЈА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ НА ТЕМА ,,ДА ГИ РАЗБИЕМЕ СТЕРЕОТИПИТЕ,,. НАСТАВНИКОТ ДАВА ПРИМЕРИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ ПЕСНИ ДЕКА ВО МОЛСКИ СКАЛИ ИМА МНОГУ ПЕСНИ СО СРЕЌНА СОДРЖИНА А ВО ДУРСКИ СКАЛИ, ПЕСНИ СО ТАЖНА СОДРЖИНА. ЗАКЛУЧОК: МУЗИКАТА НЕМА ГРАНИЦИ, МУЗИКАТА НЕ ЗНАЕ ЗА СТЕРЕОТИПИ.

ЗАВРШЕН ДЕЛ:

СЛУШАЊЕ НА КОМПОЗИЦИИ ВО ДУР И МОЛ А УЧЕНИЦИТЕ ИМААТ ЗА ЗАДАЧА, СЕКОЈА КОМПОЗИЦИЈА ДА ЈА ПРЕТСТАВАТ СО ЕДЕН СИМБОЛ. НА КРАЈОТ НА ЧАСОТ СЕ ДОНУСВА ЗАКЛУЧОК ДЕКА МУЗИКАТА СЕКОГАШ ПОЗИТИВНО ВЛИЈАЕ НА НАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ И СЕКОГАШ ТРЕБА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ Е ВО ДУРСКИ ИЛИ МОЛСКИ ТОНАЛИТЕТ.

                                                               

Рефлексија од примена на активноста во пракса

УЧЕНИЦИТЕ БЕА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА СИТЕ АКТИВНОСТИ. ИМ БЕШЕ ИНТЕРЕСЕН НАЧИНОТ НА ДОБИВАЊЕ НА А-МОЛ СКАЛА, ПОСЕБНО БЕА АКТИВНИ ВО ДИСКУСИЈАТА,,МУЗИКАТА НЕМА ГРАНИЦИ,, ПЛАНИРАНАТА ВРЕМЕНСКА РАМКА БЕШЕ ДОВОЛНА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ. 

 


Discover more from Nobody Less

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Leave a Reply