Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

НАШ КОЛАЖ – ПОЕМА ЗА НАШИТЕ РАДОСТИ И СТРАВОВИ, СИЛВАНА Ј БИНОВА, ООУ СТРАШО ПИНЏУР КАРБИНЦИ  

Опис на активноста: 

Цел на активноста НАШ КОЛАЖ – ПОЕМА ЗА НАШИТЕ РАДОСТИ И СТРАВОВИ е учениците да се оспособат за осознавање на сопствениот идентитет и идентитетот на другите луѓе, да се почитуваат различностите кај поединците и групите, и да се мотивира кохезија во рамки на целата група односно класот. 

Време за реализација 2 Х 40 мин. 

Првиот час учениците размислуваат за себе и сопствениот идентитет и на работен лист цртаат слика за себе и ги запишуваат своите особини (пр. Вреден, љубоптен, дружељубив, мрзелив, упорен итн.), она што најмногу ги радува и она од што се плашат). Потоа од цртежите изработуваат колаж, а од запишаните особини, радости и стравови го дополнуваат шаблонот од ПОЕМА ЗА НАШИТЕ РАДОСТИ И СТРАВОВИ. 

На вториот час, учениците се групираат во групи соодветно на особините по кои се слични и со музички инструмент (може и замислен) создаваат едноставна музичка илустрација на нивната заедничка особина. Групите ротираат се додека не се создаде музичка илустрација за сите елементи од поемата. 

На крајот наставникот ја чита поемата а учениците го следат вметнувајќи ги креираните музички илустрации на заедничките особини. 

 

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

Учениците беа вклучени во активност за спознавање на сопствениот идентитет но и идентитетот на своите другари од одделението.  

За успешна реализација на активноста би било добро учениците да се советуваат дека не е важно нивниот цртеж и нивното музицирање да бидат естетски совршени. Напротив, важно е учеството на сите на за нив автентичен начин. 

 

 

 

 


Discover more from Nobody Less

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Leave a Reply