Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

                                                                                      Решаваме проблем  

Соња Димовска

ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп 

                                                                                                       Опис на  активноста 

На почетокот на часот се истакнуваат целите на часот и критериумите на успех. 

Потребно учениците да решат проблемска задача: 

Енергија на еден остров! 

Имате задача да ги задоволите енергетските потреби за една група од 20 луѓе. Tие живеат на остров на кој нема струја, јаглен, нафта или земјен гас.  

‘Островот се протега на површина од 4 km2 и се наоѓа среде морето. Островот е топол, сончев и сув во летото, а во зима е ладно и влажно. На островот има околу 50 % шума со извори и природни езера. Има и ридести појаси со најголема висина од околу 500 m. Многуте извори имаат мали притоки или устија кои се затскриени од големите бранови кои се често видливи на плажите. Има и жешки гејзери со вода во кои има природни извори и геотермална енергија.’  

Се дискутира со некои од учениците за првичните идеи за тоа како да се обезбеди енергија на островот.  

Во групи, учениците изготвуваат енергетски план за островот. им се даваат работи листови со следните информации и детали за задачата: 

Информации  

‘20-те жители на островот се возрасни лица кои ќе го проучуваат островот и неговата сеизмичка активност. Тие треба да ги затоплуваат своите куќи, лаборатории и работни соби. Тие ќе треба да ја растат, произведуваат, собираат или фаќаат храната за нив. Тие ќе треба и да ја готват храната, да загреваат вода и да користат електрична енергија за гледање ТВ, за комуникација и за други апарати.  

На островот може да се донесе одредена опрема и градежни материјали за да се изградат згради и енергетски постројки за нивните потреби’ 

Задача  

Вие ќе треба да создадете детален план за обезбедување на енергетските потреби на островот. Во вашиот план ќе треба да биде вклучен:  

-опис на секој метод за обезбедување на енергија  

-опис на тоа како потребата за енергија ќе биде задоволена во секое време.  

-евалуација на влијанието врз животната средина на избраните методи.  

За создавањето на овој план се предвидени два часа. На третиот час групите ги презентираат идеите пред паралелката. Им се уКажеува на учениците дека на презентацијата ќе треба да се користат и визуелни помагала.  

Заклучок : одржливите пристапи за задоволување на енергетските потреби треба да се изготват согласно локалното опкружување.  

                                                                                   Рефлексија од примена на активноста во пракса

 

Групите прикажаа креативни и успешни решенија за решавање на проблемот. 

За сите ученици поставениот проблем беше многу интересен предизвик. 

Заедно се договараа и бараа решенија. Дискутираа и си помагаа во активностите.  

Учениците користеа поголем број на извори на информации и разновидни ресурси. 

Низ ангажирањата подобро ги запознаваа своите вештини и способности како и оние на своите соученици. 

Презентациите беа на високо ниво. 

Евалуативните активности покажаа дека заинтересираностамеѓусебната поддршка и ангажирањата на учениците ја подобрија применливоста на нивните знаења во реални ситуации. 

 

 


Discover more from Nobody Less

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Leave a Reply