Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
Избери, напиши, покажи
Даниела Шапкароска
ОУ „Св. наум Охридски“
Опис на активноста
- (10 мин.) се делат учениците во групи. Секоја група има лист и пенкало. Наставникот кажува тема од изучените, учениците имаат две минути да напишат колку што можат повеќе зборови на таа тема, на англиски. ги пишуваат зборовите во колона или во дадена табела
- СЕ собираат сите листови со зборови и се сечат посебно зборовите во кутија. Се делат учениците во два тима и се доделува реден број на секој од учениците во тимот ( за да не се повторува истиот ученик во играта)
- (20 мин.) ученик од првиот тим влече збор од кутијата и го чита. Вториот тим се договараат со ученикот кој е на ред и одлучуваат:
– ако го нацрта зборот = 1 поен
– ако го напише = 2 поени
– ако каже реченица во која е употребен зборот = 4 поени
– ако напише реченица во која е употребен зборот = 5 поени
- (10 мин) само-Евалуација:
Одбери три теми од дадените и во соодветната колона пополни:
- Напиши пет зборови поврзани со темата. секој збор носи по еден поен.
- Напиши две реченици и подвлечи го зборот кој е поврзан со темата. Секоја реченица носи четири поени
clothes
облека |
family
семејство |
food
храна |
house
куќа |
numbers
броеви |
Рефлексија од примена на активноста во пракса
Учениците соработуваат меѓу себе и се помагаат. секој ученик има можност да го покаже своето знаење како индивидуално така и во група, но на ниво кое сам го одбира и се чувствува слободно. учениците кои послабо го владеат материјалот ја зголемија самодовербата преку тимски одлуки, се развива позитивно чувство кон училиштето, што доведува до позитивен став кон учењето. споредено со самоевалуацијата од класичен час на утврдување, часот преку игра особено позитивно влијаеше на зголемување на фондот на зборови кај учениците кои се на пониско ниво на совладаност на материјалот
Discover more from Nobody Less
Subscribe to get the latest posts sent to your email.