Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието.

Математичко новогодишна магија, ООУ Страшо Пинџур – с.Мало Коњари,Прилеп. Неда Јовески, Каролина Најдоска

Им се објаснува на учениците дека денешната наставна содржина ќе се усвои преку активност која ќе ја работат во група и ќе ја споделат со нивните сооученици од другото одделение. 

Им се опишува како ќе се спроведе активноста. 

 На почетокот учениците прибираат податоци и ги сместуваат во табела за тоа колку материјали приближно ќе се употребат за добивање на готов производ. 

Учениците работаат во група ,заеднички ,групата го добива потребниот материјал.Учениците ги изработуваат замислените подароци,кај нив на забавен начин се развива креативноста и меѓусебното разбирање .Во меѓувреме ,додека трае работилницата се разговара како се чуствуваат учениците ,се поттикнуваат да размислуваат како ќе ги изберат учениците на кои ќе им подаруваат подароци,се дискутира начинот на избор на учениците на кои ќе им се подарува  подарок изработен со љубов и добро расположение ,за тоа дали им е тешко да го направат изборот ,што им преставува проблем при изборот ,истовремено и да го надминат тоа што им преставува проблем .Учениците во работилницата се оспособуваат за осознавање можности за позитивна промена кај нив. 

Се спроведува глевниот дел во оваа активност ,подароците стигнуваат до учениците од другото одделение,внимавајќи на тоа да нема ученик/чка кој/а ќе остане без подарок . 

Се дискутира со учениците од двете одделенија како се чуствувале кога подарувале ,кога добивале подарок…..што заклучиле ,се дискутира за климата која преовладувала во училницата . 

На крај се дискутира за заклучоците . 

Целите предвидени за време на работилницата беа совледани .Учениците за време на изработка на подароците беа видно позитивно расположени развивајќи ја желбата за разбирање ,соработка и емпатија .Во училницата се чуствуваше позитивна клима и желба за соработка и за време на дискусиите .Учениците ги надминаа  предрасудите според кој беше направен изборот на ученици на кои ќе им се подарува .Се почитуваа различностите кај поединци.Новогодишната магија на часовите по математика беше успешна . 


Discover more from Nobody Less

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Leave a Reply