,,Мои права-мои одговорности,,
Валентина Терзиева
ООУ,,Св.Климент Охридски,,-с.Драчево
ОПИС НА АКТИВНОСТА
На состанокот на Ученичката заедница,кој редовно се одржува и на кој беа присутни претседателите и замениците председатели на одделенските заедници од 6-то до 9-то одделение се реализира работилница ,,Мои права-мои одговорности,,.Учениците првично беа запознати со престојната активнос, а потоа беа поделени во пет (5) групи. Групите беа составни од по 3-4 ученици.Секоја група доби тема за размислување, одговарање и дискусија. Теми-прашања кои им беа дадени за рамислување на групите беа:
-Имам право на бесплатно здравство
-Имам право на бесплатно образование
-Имам право на чиста животна средина
-Имам право на одмор и рекреација
-Имам право на заштита од семејно и било какво насилство
Учениците, во склоп на своите групи, ги опишуваа своите ставови за одредена тема, своите позитивни искуства, но и негативни сознанија и доживеани искуства. На крај претставник од секоја група ги искажа ставовите и мислењата за одреденото задолжение, а потоа се разви дискусија за цела тема.
РЕФЛЕКСИЈА
Учениците имаат солидни познавања и позитивни ставови за одредените теми, но и замерки и согледувања за отстапки и непочитување во одредени ситуации. Претставниците на одделенските заедници треба да ги пренесат стекнатите сознанија на своите соученици, да реагираат во одредени критични моменти, да им укажуваат и на учениците и на своите наставници за повреда на одредени права или пречекорување на одредени ингеренции, да помагаат, да организираат и да заштитуваат во одредени моменти. Тие со своите совети и ставови треба да придонесат за премостување на одредени проблеми во одделението.
Discover more from Nobody Less
Subscribe to get the latest posts sent to your email.