Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието.
Начини на однесување , ОУ„Св.Климент Охридски“-Битола, Снежана Стојанова
Активности на наставникот (поучувачки активности) :
– разговор за чувствата;
– повикување за да се изведе еден енергенс за чувствата;
– презентирање конфликтни ситуации од интернет преку видео бим и коментирање на истите;
– повикување на учениците да симулираат соодветен начин на однесување на понудените содржини;
– продолжување со презентитање на конфликтните ситуации и коментарите;
– завршување со енергенс;
– формирање тимови и поставување одредени барања за секој тим;
– повикување на учениците да направат евалуација;
– да ја испеат песната ,,Штом си среќен”.
Активности на ученикот(учечки активности) :
– одговараат на прашања за чувствата ;
– фатени во круг си пренесуваат позитивни чувства;
– ја следат презентацијата и коментираат;
– симулираат соодветни начини на однесување на понудените содржини;
– следење на понудени начини на соодветно однесување;
-поделени во тимови цртаат ситуации на соодветни начини на однесување со употреба на волшебни зборови.
– фатени во круг секој секому подарува од срце преку пантомима;
– прават евалуација со подигнување на црвен ,,Смајли”
– ја пеат песната ,,Штом си среќен”.
– поставените цели се успешно реализирани,а тоа се потврдува и со изработениот плакат во чиј дизајн помогнаа родителите, а е произлезен од цртежите на учениците
– учениците умеат да направат разлика меѓу соодветно и несоодветно однесување;
– учениците сфатија дека несоодветното однесување може да предизвика конфликт ;
– учениците умеат соодветно да се однесуваат во конкретни ситуации ;
Од реализацијата на активноста во пракса произлезе следниот метод на справување со нессодветно однесување:ученицит од своите другарчиња избираат другарче на кое најмногу му веруваат и тој всушност е посредник во ситуација на несоодветно однесување.
На тој начин учениците меѓусебно ги решаваат проблемите и ги прифаќаат соодветните начини на однесување со примена на волшебните зборови:те молам,извини,благодрам,прости ми…
Discover more from Nobody Less
Subscribe to get the latest posts sent to your email.