Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Илинка Димовска

ООУ ,,КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ,, – СКОПЈЕ

                                                    Опис на  активноста 

ВО ВОВЕДНАТА АКТИВНОСТ СИТЕ УЧЕНИЦИ СЕДАТ ВО КРУГ И ИМ ЧИТАМ РЕЧЕНИЦИ. СИТЕ ОНИЕ ЗА КОИ ВАЖИ ТОА ШТО СЕ КАЖУВА ВО РЕЧЕНИЦАТА ЌЕ ТРЕБА ДА СТАНАТ, ДА НАПРАВАТ НЕШТО ШТО СЕ БАРА ОД НИВ И ПОТОА ДА СЕДНАТ.

  1. НЕКА СТАНАТ СИТЕ ШТО НОСАТ НЕШТО ЦРВЕНО И ПОГЛЕДНЕТЕ СЕ МЕЃУ СЕБЕ!
  2. АКО НОСИТЕ ПАТИКИ, СТАНЕТЕ И ПЛЕСНЕТЕ ЕДНАШ СО РАЦЕТЕ!……

ВО УЧЕЧКО – ПОУЧУВАЧКИТЕ АКТИВНОСТИ УЧЕНИЦИТЕ ОД КУТИЈА ВЛЕЧАТ ПО ЕДЕН ДЕЛ ОД СЛОЖУВАЛКАТА КОЈА ПРЕТХОДНО ЈА НАЦРТАВ И ИСЕКОВ. ПОТОА СЕКОЕ ДЕТЕ ОД КУТИЈА ИЗВЛЕЧЕ ЕДЕН ДЕЛ, СЕ НАЦРТА СЕБЕСИ. ЦРТЕЖОТ БЕШЕ АНОНИМЕН. КОГА УЧЕНИЦИТЕ  ЈА ЗАВРШИЈА СВОЈАТА ИЛУСТРАЦИЈА, СИТЕ ДЕЛОВИ ГИ СТАВИВМЕ ВО КУТИЈА И СЕКОЈ УЧЕНИК, ИЗВЛЕЧЕ ЕДЕН ДЕЛ, А ПОТОА СЕ ОБИДЕ ДА ПОГОДИ КОЈ Е НА ЦРТЕЖОТ. ОТКАКО ЌЕ ПОГОДИ, КАЖУВА ЕДНА РАБОТА ПО КОЈА САМИОТ ТОЈ И ОНОЈ ШТО Е НА ЦРТЕЖОТ СЕ СЛИЧНИ И ЕДНА РАБОТА ПО КОЈА ТИЕ СЕ РАЗЛИЧНИ ОТКАКО СИТЕ ЌЕ СЕ ИЗРЕДАТ ВО КРУГ, ЕДЕН ПО ЕДЕН УЧЕСТВУВААТ ВО СОСТАВУВАЊЕТО НА СЛОЖУВАЛКАТА СО ЛЕПЕЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ КОИШТО ГИ ИЗВЛЕКЛЕ И НА КРАЈ ТАА СЕ ИСТАКНУВА ВО УЧИЛНИЦАТА.

ВО ЗАВРШНИОТ ДЕЛ ОД ЧАСОТ ЈА СЛУШАВМЕ И ПЕЕВМЕ ПЕСНАТА ,,НАЈДОБАР ДРУГАР,, ОД БЕНДОТ 5+ .

                                                           Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Нема двајца целосно исти луѓе, ниту пак целосно различни. Разликите меѓу луѓето го прават светот побогат, интересен и нудат можност за учење, меѓусебно надополнување и развој. Сите луѓе со своите карактеристики кои се однесуваат на надворешниот изглед, способностите, мислењето, уверувањата, потребите, интересите, прават една единствена, неповторлива слика које е еден, но значаен дел од една поширока слика – човековата заедница.

 


Discover more from Nobody Less

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Leave a Reply