Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието. 

„Современите средства за комуникација“ОУ „СТИВ НАУМОВ“-БИТОЛААНА ДИНКОВСКА-БОЖИНОВСКА

ЦЕЛИ: 

– СТЕКНУВАЊЕ НА НОВИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ЗА ПОДГОТОВКА И УЧЕСТВО ВО ДЕБАТА; 

– РАЗВОЈ НА КРИТИЧКО И ДИВЕРГЕНТНО МИСЛЕЊЕ; 

– РАЗВОЈ НА КОМУНИКАЦИСКИ И СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ; 

– РАЗВОЈ НА ГОВОРНИЧКИ (ОРАТОРСКИ) ВЕШТИНИ; 

– РАЗВОЈ НА САМОПОЧИТ; 

– РАЗВОЈ НА ДЕМОКРАТСКО ОДНЕСУВАЊЕ, КУЛТУРА НА ДИЈАЛОГ, ПОЧИТ КОН СОГОВОРНИКОТ, ТИМСКИ ДУХ; 

– ПОТТИКНУВАЊЕ ЗА ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА И ЕВАЛУАЦИЈА НА ИЗВОРОТ НА ИНФОРМАЦИИ; 

– ВРЕДНУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ; 

– ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ВЕШТИНИ. 

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ: 

– СТЕКНУВАЊЕ НОВИ ЗНАЕЊА И РАЗМЕНУВАЊЕ НА МИСЛЕЊА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И НЕГАТИВНИТЕ АСПЕКТИ НА СОВРЕМЕНИТЕ СРЕДСТВА ЗА КОМУНИКАЦИЈА КАКО ТЕМА КОЈА Е ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА СИТЕ ВОЗРАСНИ ГРУПИ НА УЧЕНИЦИ БЕЗ РАЗЛИКА НА ПОЛ, ЕТНИЧКА И ВЕРСКА ПРИПАДНОСТ; 

– ФОРМИРАЊЕ НА СОПСТВЕН СТАВ И КРИТИЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ НА ОВАА ТЕМА; 

– ПРОШИРУВАЊЕ НА ВОКАБУЛАРОТ СО НОВИ ЗБОРОВИ И ТЕРМИНИ; 

– ПОДОБРУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИТЕ СТАВОВИ И МИСЛЕЊА; 

– ИЗРАЗУВАЊЕ НА КРЕАТИВНОСТА И ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРАТОРСКИТЕ И ПРЕЗЕНТЕРСКИТЕ ВЕШТИНИ; 

– ИНТЕГРАЦИЈА НА НАСТАВНИТЕ СОДРЖИНИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК СО ДРУГИ ПРЕДМЕТИ И ДИСЦИПЛИНИ: АНГЛИСКИ ЈАЗИК, ИНФОРМАТИКА, ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ, ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ, ИСТОРИЈА, КУЛТУРА, ТВОРЕШТВО; 

– ОСПОСОБУВАЊЕ ЗА НАСТАП ПРЕД ПУБЛИКА. 

ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ: 

-ПРЕТВОРАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПАСИВНИ СЛУШАТЕЛИ НА НАСТАВНИОТ МАТЕРИЈАЛ ВО АКТИВНИ УЧЕСНИЦИ ВО ПРОЦЕСОТ НА СОЗДАВАЊЕ НА ЗНАЕЊА НИЗ САМОСТОЈНО ИСТРАЖУВАЊЕ, РАСПРАВА, ПОСТАВУВАЊЕ ПРАШАЊА, РАЗГОВОР; 

-ЕДУЦИРАЊЕ ВО НАСОКА НА КРИТИЧКО ПОСМАТРАЊЕ НА СВЕТОТ И ПОКВАЛИТЕТНО УЧЕСТВО ВО ГРАЃАНСКИОТ И ОПШТЕСТВЕНИОТ ЖИВОТ. 

РЕЗУЛТАТИ: 

УЧЕНИЦИТЕ: 

– СЕ ЗАПОЗНАА СО ДЕБАТАТА КАКО ГОВОРНИЧКА ВЕШТИНА И СО НЕЈЗИНАТА ПРИМЕНА ВО ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС, НО И ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ; 

– НАУЧИЈА КАКО ДОБРО ДА ПОГОТВАТ ДЕБАТА, ДА ГИ ПРОНАЈДАТ ВИСТИНСКИТЕ ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ И ДА ЈА ОРГАНИЗИРААТ СВОЈАТА АРГУМЕНТАЦИЈА; 

– ДЕБАТИРАА ЗА ТЕМА КОЈА Е МОШНЕ АКТУЕЛНА ЗА СИТЕ КАТЕГОРИИ НА УЧЕНИЦИ (ОД РАЗЛИЧЕН ПОЛ, НАЦИОНАЛНА И ВЕРСКА ПРИПАДНОСТ, УЧЕНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ) И СТЕКНАА НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА ПОЗИТИВНИТЕ И НЕГАТИВНИТЕ АСПЕКТИ НА СОВРЕМЕНИТЕ СРЕДСТВА ЗА КОМУНИКАЦИЈА; 

– ГО ПОДОБРИЈА ИЗРАЗУВАЊЕТО НА СОПСТВЕНОТО КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ; 

– СОГЛЕДАА ЕДНА ТЕМА ОД ПОВЕЌЕ РАЗЛИЧНИ АСПЕКТИ; 

– СЕ ЗАПОЗНАА СО ДЕБАТНАТА КУЛТУРА НА ГОВОР, НАУЧИЈА ДА ГО ИЗРАЗУВААТ СОПСТВЕНОТО МИСЛЕЊЕ ВО ПРЕДВИДЕНО ВРЕМЕ ЗА ТОА И ИЗВЕЖБАА ВНИМАТЕЛНО СЛУШАЊЕ НА СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ; 

– ЈА ПОДОБРИЈА ДИСЦИПЛИНАТА И САМОДИСЦИПЛИНАТА ПРЕКУ СОРАБОТКА И СЛУШАЊЕ НА  ДРУГИОТ; 

– ГИ ПОДОБРИЈА СОПСТВЕНИТЕ КОМУНИКАЦИСКИ, ОРАТОРСКИ И ПРЕЗЕНТЕРСКИ ВЕШТИНИ; 

– СЕ ОСПОСОБИЈА ЗА ЈАВЕН НАСТАП ПРЕД ПУБЛИКА; 

– СОРАБОТУВАА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ДРУГА ИНСТИТУЦИЈА И СЕ ВКЛУЧИЈА ВО НАСТАН ОД ПОШИРОКО ЗНАЧЕЊЕ. 

Проектнатата активност: Дебата „Современите средства за комуникација“ е реализирана со иновативна примена на методот дебата.  

Дебатата како метод многу малку се користи во редовната настава во основното образование или воопшто не се користи. Дебатата е метод кој бара опсежна и длабока подготовка, истражување, систематизација на знаењата, за што најчесто не е доволен еден наставен час од 40 минути. Затоа, дебатата како метод мошне успешно може да се реализира во текот на воннаставните и слободните ученички активности, а во зависност од возраста, предзнаењата, знаењата и искуството на учениците, може да се применува и во редовната настава. Со примена на дебатата како наставен метод, значајно се влијае на проширувањето и поврзувањето на знаењата за подрачјата за кои се дебатира и со тоа се влијае на квалитетот на работата кај учениците.  

Детален опис на активностите: 

Дебатата „Современите средства за комуникација“ беше реализирана како партнерство помеѓу ОУ „Стив Наумов“-Битола и НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, во рамките на проектот „Октомври-месец на книгата (меѓународен месец на училишните библиотеки)“.  

Иницијативата за дебата на дадената тема произлезе од ученици од 8 одд. кои учествуваа во неа и ја реализираа во целост. Освен тоа, учениците сами го дадоа предлогот за темата на дебатата, со оглед на тоа дека современите средства за комуникација се присутни во животот на учениците уште од најрана, претшколска возраст, а уште повеќе е изразена нивната употреба во училишна возраст. Тие изразија интерес да дискутираат за тоа колку современите средства за комуникација (Интернет, Facebook, Viber, Messenger, мобилните телефони, компјутерите, социјалните мрежи итн.) кои масовно се користат имаат негативно влијание врз животите на сите, но и кое е нивното позитивно влијание и зошто без нив не може да се замисли современиот живот. 

Подготовката за дебатата се одвиваше во текот на две недели во месец октомври 2018 год.  

Учениците беа поделени во две екипи од по 6 ученика, вкупно 12 ученици од 8 одд., односно афирмациска и негациска екипа. 

Целта на афирмациската екипа, во текот на дебатата беше да ја докаже зададената теза низ цврсти аргументи, додека целта на негациската екипа беше да ја побие (оспори) со аргументи тезата на афирмациската екипа. 

 Подготовката на дебатата ги опфати следните фази: 

  1. Учениците, од моја страна беазапознатисо принципите и правилата на дебатата; 
  2. Беше поставена тезата-Современите средства за комуникација (за или против);
  3. Воведување во тезата;
  4. Brainstorming;
  5. Истражување на извори;
  6. Формирање на критериуми и аргументи за афирмација и негација;
  7. Изработка на проекти на два хамери со аргументите на противничките екипи;
  8. Составување на говорите;
  9. Вежбање на говорите на учесниците во дебатата.

 Дебатата се реализира на 22.10.2018 год. во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола.  

Во воведната рунда, по двајца претставници од секоја екипа имаа воведни обраќања во траење од по 3 минути на секој претставник. 

 Во суштинската рунда, наизменично се менуваа дебатерите од секоја екипа. Секој дебатер имаше време од 2 минути за да ги изнесе своите аргументи и да го искаже својот став во однос на темата. 

 Аргументи „за“ современите средства за комуникација: 

-Овозможуваат лесна и брза комуникација; 

-Преку нив достапни ни се многу нови и корисни информации; 

-Ни помагаат во завршувањето на училишните обврски; 

-Можеме да комуникацираме со роднини и пријатели низ целиот свет; 

-Полесно учиме странски јазици; 

-Стекнуваме нови пријателства од целиот свет; 

-Во секое време можеме да добиеме или побараме помош. 

  

Аргументи „против“ современите средства за комуникација: 

-Истиснување на „живиот“ говор; 

-Социјална изолација; 

-Штетност врз здравјето; 

-Зависност од социјалните мрежи и компјутерските игри; 

-Осиромашување на речникот; 

-Ширење на лажни и неточни информации; 

-Злоупотреба преку креирање на лажни идентитети. 

 

Во завршната рунда, свои говори имаа водачите на групите, во траење од по 3 минути. 

 

Дебатирањето беше поздравено со бурен аплауз од страна на публиката. 

 

Дебатата  ја следеа ученици од основните училишта „Стив Наумов“, „Елпида Караманди“ и „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола, родители, наставници и претставници на библиотеката.

Дебатата кај учениците го поттикна критичкото и аналитичкото размислување низ обликување на аргументирани ставови, активно учење и истражување на темата за дебата, како и подобрување на комуникативните способности за говорење и слушање низ активно изложување на ставовите и слушање на соговорникот. 

Во текот на подготовката на дебатата, учениците дејствуваа како тим, а во текот на самата дебата, заземајќи и бранејќи ги сопствените ставови, аргументирано негирајќи ги ставовите на противничката екипа, стекнаа искуство за мирно решавање на проблемите, по пат на аргументирана расправа наместо судир, како нешто што е многу важно за нивната социјална кохезија. Преку дебатата, учениците ги развија и своите социјални вештини како што се: комуникативност, реципрочност, емпатија, приспособување и соработка без разлика на пол, етничка и верска припадност. 

Дебатата, како говорнички (ораторски) вид е многу интересна во натпреварувачка форма, има ефективен формат и е многу корисна во секојдневниот живот. Но, освен тоа, таа е битен фактор во процесот на образование. Како наставно средство, им помага на учениците да истражуваат додатна литература за да ги поткрепат своите тврдења, да го оформат своето мислење, да состават говор и да презентираат организиран материјал. Како натпреварувачка форма, кај учениците поттикнува позитивен натпреварувачки дух, но и почит кон соговорникот, односно противникот. Сите сегменти на дебатата, почнувајќи од подготовката, па потоа изведбата на говорот и оценувањето имаат важна улога во образованието и воспитанието на учениците и донесуваат придобивки кои еден ден ќе бидат лесно видливи во понатамошното школување и на работа. Тие кај учениците развиваат желба за знаење, натпревар и комуникација и така формираат културни, образовани, рационални и демократски ориентирани граѓани.


Discover more from Nobody Less

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Leave a Reply

Discover more from Nobody Less

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading