Пријава за учество на конкурс  ,,ProSocial Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието 

СОЗДАВАЊЕ НА ИНКЛУЗИВНА СРЕДИНА-НАМАЛУВАЊЕ И ЗНАЧИТЕЛНО УБЛАЖУВАЊЕ НА НЕСООДВЕТНО ОДНЕСУВАЊЕ КАЈ ДЕЦА СО ПОП – СОЗДАВАЊЕ  АДАПТИВНО ОДНЕСУВАЊЕ И СРЕДИНА НА ПРИФАЌАЊЕООУ ,,ДИМИТАР ВЛАХОВ,, ШТИП, ТАТЈАНА ЉАПОВА, ЈОРДАНЧО ЗДРАВЕВ

ЦЕЛНА ГРУПА:УЧЕНИЦИ ОД ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ 

ЦЕЛИ НА РАБОТИЛНИЦАТА: 

РАЗВИВАЊЕ НА КРЕАТИВНОСТА НА ЗАБАВЕН НАЧИН,ПОМАГАЊЕ НА СВОЕТО ДРУГАРЧЕ ДА РАЗВИЕ ВЕШТИНА ЗА РАЗЛИКУВАЊЕ НА ЛАГА ОД ВИСТИНА ,РАЗБИРАЊЕ,ЕМПАТИЈА,НОВИ СПОСОБНОСТИ И ВЕШТИНИ НАСОЧЕНИ КОН ПОЧИТУВАЊЕ НА СОПСТВЕНАТА ,НО И ТУЃАТА ИНДИВИДУАЛНОСТ КАКО ТЕМЕЛ ЗА ГРАДЕЊЕ НА ИНКЛУЗИВНО ОПШЕСТВО ,ВО КОЕ И ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЌЕ ИМААТ СТИМУЛАТИВНА СРЕДИНА . 

1.ВОВЕДНА АКТИВНОСТ: 10 МИНУТИ:ТЕСТ ,,РЕЧНИК,,-УСВОЈУВАЊЕ НА ЗБОРОВИ-СЕМАНТИКА ,СООДВЕТНИ ЗА НИВНА ВОЗРАСТ- 

СРЕЌА,СТРАВ,ЗАДОВОЛСТВО,БОЛКА,ОПАСНОСТ,ЗАДОВОЛСТВО,ЉУБОВ,ВИСТИНА,ВИНА,ПОЧИТ,ЛУТИНА,СОЧУВСТВО,ОСАМЕНОСТ,САМОУВЕРЕНОСТ,ЗБУНЕТОСТ,ГОРДОСТ,ИЗНЕНАДЕНОСТ Модераторот 1 им објаснува дека ќе слушнат зборови кои треба да објаснат што е нивното значење.Пр.среќа – пријатно чувство кога ти се случило нешто убаво и имаш во себе движечка сила ;страв –непријатно чувство кое те ограничува да превземеш некоја акција ;задоволство –пријатно чувство ако завршиш добро некоја работа , нацрташ убав цртеж,добиеш подарок..Модераторот објаснува дека чувствата или емоциите  имаат големо значење во развојот на детето.Тие се пропратни доживувања на состојби и процеси, но и мотивација  и двигател на однесувањето на личноста..Ако се чести и интензивни негативните емоции можат да се појават сериозни нарушувања во психофизичкиот развој на детето.Емоција е реакција на некое случување.Како што се рефлексите за телото,тоа се емоциите за психата.Детските емоции се краткотрајни (пролазни ) од смеење –плачење и обратно . 

2.ВОВЕДНА АКТИВНОСТ- 10 МИНУТИ :МОДЕРАТОР 2 ИМ ОБЈАСНУВА НА УЧЕНИЦИТЕ  ПРЕПОЗНААТ РАЗЛИЧНИТЕ ЕМОЦИИ КАЈ ЛУЃЕТО ВО ОДРЕДЕНИ СИТУАЦИИ,ДИСКУТИРААТ КАКО ИСТИТЕ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ И ДА СЕ ПОМЕШААТ- ПРЕКУ ДВА МЕТОДИ: 

– ДЕМОНСТРАЦИЈА –ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ЕМОЦИИ-УСНО КАЖУВАЊЕ НА МОЖНИ ПРИМЕРИ-ПРЕКУ ТЕКСТ И СЛИКИ-РАБОТЕН ЛИСТ 

-ГЛАВНА АКТИВНОСТ:15 МИНУТИ :ИГАЊЕ УЛОГИ- КРАТКИ АНЕГДОТИ-     вежба: -ЛАГА-ВИСТИНА-учениците демонстрираат ситуации со цел нивниот соученик кој има потешкотии во сознајни функции да му помогнат да разбере одредени конкретни ситуации во секојдневниот живот.  Има 25вежби од овој вид . 

(текст за вежбата)  

….Митко и Сашо си играат дома.Ја завртеле масата во кујната,седнале на неа ,и со весници во раце веслаат.Кога мајката ги виде,се засмеа и ги праша:,,Што правите ? 

-Оваа маса е пиратски кораб-одговори Митко. 

-Па добро качи се и ти пред да потонеш,зошто си во вода………  

Вистина ли е тоа што го кажа Митко ? Одговара детето со посебни потреби.  

Модератор 1. Води ДИСКУСИЈА:Дали разликувате детска фантазија од намерно кажана лага ? 

 ВЕЖБА БР 2 

Еден ден додека си играле дома,Ани без да сака ја бутнала и ја скршила најомилената вазна на мајка и.Леле што ќе биде кога мајка и се врати,ќе се изнервира многу.Затоа кога мајка и на Ана се вратила,ја видела скршената вазна и прашала што се случило.Ани се снашла и одговорила:,,Кучето ја бутна ,јас ништо не направив,,!  

Модератор 2 води ДИСКУСИЈА: Вистина ли е тоа што и кажала Ани на мајка и ? 

Зошто Ани одговорила на тој начин ?  

Вежба бр 2   Конфликтна ситуација 

На часот по физичко образование сите ученици беа во малата сала .Ја играа играта додавање со топка .Филип ја фрли топката и ненамерно ја удри Сања на која и паднаа наочарите. Таа почна да плаче и беше видно вознемирена и започна да плаче. Сите ученици почнаа да го обвинуваат Филип за направената грешка ,а случката доби таква димензија што дел од учениците дури побараа да се казни. 

Модератор 2 води ДИСКУСИЈА: 

Дали се појавил проблем/конфликт помеѓу ? 

Дали е потребна комуникација да се надмине ? 

Изнесете предлози како би се надминале настанати проблеми ? 

Модераторот ја истакнува главната поента на активноста ,објаснува дека оваа активност служи за учење на многу значајна вештина која ние потребна за креативно и продуктивно справување со конфликти. 

Истакнуваме :Конфликтите се дел од секојдневните животни ситуации.Тоа е способност да се ставиме во положбата на другата страна  на конфликтот,односно да го согледаме проблемот од аспект на другиот учесник во тој конфликт.  

МОДЕРАТОРОТ 2 ОБЈАСНУВА ДЕКА УЧЕНИЦИТЕ МОЖАТ ДА ПРИСВОЈАТ ИСТА ЕМОЦИЈА  ВО НЕКОЛКУ РАЗЛИЧНИ СИТУАЦИИ,ПР. ПРИ ЛАГА ВО ИГРА – ДЕТСКА ФАНТАЗИЈА НА НИВНОТО ДРУГАРЧЕ МУ Е ТЕШКО ДА ЈА СВАТИ СЛИЧНИ КОНКРЕТНИ СИТУАЦИИ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ И НЕГОВИТЕ СОУЧЕНИЦИ МУ ПОМАГААТ. 

-ИМА СИТУАЦИИ КОГА ДЕТЕТО ЈА ЛАЖЕ МАЈКАТА …ПР… 

КАКО СЕ ЧУВСТВУВА МАЈКАТА КОГА ДЕТЕТО ЛАЖЕ ? 

ПО КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ЗАДАЧАТА ТИЕ ДИСКУТИРААТ ЗОШТО ЈА ПРИСВОИЛЕ ЕДНА ИЛИ ДРУГА ЕМОЦИЈА ,ГИ СПОДЕЛУВААТ ИСТИТЕ ЕМОЦИИ КОИ МОЖЕ ДА БИДАТ ОД ПОМОШ ИЛИ ДА ПОПРЕЧАТ,ГИ СПОДЕЛУВААТ СВОИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА ЗА ТОА КАКО ДА СЕ СПРАВУВААТ СО ЕМОЦИИТЕ.СЕКОЈА ЕМОЦИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНА ВО ДАДЕНА СИТУАЦИЈА ,САМО ЕДНА Е ПОПРИЈАТНА ,А ДРУГА ПОМАЛКУ ПРИЈАТНА . 

СЕ СТАВА АКЦЕНТ НА ИЗРАЗОТ НА ЛИЦЕТО И НЕВЕРБАЛНИ ГЕСТОВИ:ПОТЕНЦИРАМЕ : ,,НИ ЕДНО ЧУВСТВО НЕ Е ПОГРЕШНО,И СИТЕ ЧУВСТВА ШТО ГИ ИМАМЕ СЕ ВАЛИДНИ/ЗНАЧАЈНИ. 

-КАКО СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ПОСЛЕ РОДИТЕЛСКА СРЕДБА ? 

УПЛАШЕНО,НЕРВОЗНО,ВОЗБУДЕНО САМОТНО ,ЛОШО,СРЕЌНО 

-ШТО МИСЛИТЕ ЗОШТО СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ТАКА ? 

-ШТО Е ТОА ШТО ВЕ ЗАГРИЖУВАЛО ? 

(СТРАВ ОД РЕАКЦИЈА НА РОДИТЕЛИ) 

-ШТО МИСЛИШ КАКО СЕ ЧУВСТВУВААТ ТВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ ? 

КАКО МОЖЕ ДА ПРЕПОЗНАЕШ КАКО ТВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СЕ ЧУВСТВУВААТ ? 

(ОД ИЗРАЗОТ НА НИВНИТЕ ЛИЦА,СПОРЕД ТОА ШТО ГО КАЖАЛЕ,СПОРЕД НАЧИН НА ДВИЖЕЊЕ,СПОРЕД ТОА ШТО ГО ПРАВЕЛЕ ДАЛИ СЕ ВКЛУЧУВАЛЕ ИЛИ НЕ ВО АКТИВНОСТ) 

-ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА Е ЗНАЧАЈНО ДА СЕ ЗАБЕЛЕЖАТ ЧУВСТВАТА НА СОУЧЕНИЦИТЕ ? 

ЗА ДА МОЖЕ ДА ПРЕВЗЕМЕМЕ ПОСТАПКИ ЗА ДА БИДЕМЕ СИГУРНИ ДЕКА СЕКОЈ ЕДЕН СЕ ЧУВСТВУВА БЕЗБЕДНО И СРЕЌНО. 

ИСТАКНУВАМЕ :МОДЕРАТОР 2. 

ПОСТОЈАТ МНОГУ НАЧИНИ ДА ЗНАЕМЕ КАКО ЛУЃЕТО СЕ ЧУВСТВУВААТ.ВАЖНО Е ДА ЗАБЕЛЕЖИМЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВААТ И ДА ПРЕВЗЕМЕМЕ АКЦИЈА ДОКОЛКУ СЕ ЧУВСТВУВААТ ТАЖНО. 

3.ЗАВРШНА АКТИВНОСТ- МОДЕРАТОР 1.КВИЛИНГ ВЕЖБА –МАНИПУЛАТИВНА СПОСОБНОСТ , НАМАЛУВАЊЕ НА АКУМУЛИРАН СТРЕС,ПОЗИТИВЕН ФИДБЕГ ОД ДОЖИВЕАН УСПЕХ ОД ИЗВЕДБЕНА АКТИВНОСТ И СТЕКНУВАЊЕ ВЕШТИНА,КООРДИНАЦИЈА ОКО-РАКА-МОДЕРАТОР 1.ПУШТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ,,КВИЛИНГ,,А ПОТОА ДЕМОНСТРИРА НАЧИН НА КОЈ СЕ ИЗВЕДУВА САМАТА ТЕХНИКА НА ПРАВЕЊЕ УКРАСНИ ЧЕСТИТКИ ОД ЛЕНТИЧКИ ОД ХАРТИЈА ПРЕДХОДНО ОБЛИКУВАНИ ВО НАЈРАЗЛИЧНИ ФОРМИ.

НАМАЛЕНА АГРЕСИВНОСТ И АВТОАГРЕСИВНОСТ НА ДЕТЕ СО ПОТЕШКОТИИ ВО АДАПТИВНО ОДНЕСУВАЊЕ -СОЗДАВАЊЕ ИНКЛУЗИВНА СРЕДИНА  

–ПОДГОТВЕНИ УЧЕНИЦИ ДА ГИ СВАТАТ РАЗЛИЧНОСТИТЕ ДЕКА СИТЕ РАЗЛИЧНО НАПРЕДУВАМЕ  ВО ОДРЕДЕНИ СФЕРИ ,НО КАЈ СИТЕ ДЕЦА Е ЗАСТАПЕН ПРИНЦИП НА КОНСТАНТНОСТ ВО РАЗВОЈОТ –БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ Е УСПОРЕН (КОГНИТИВНИОТ ) СЕПАК СЕ РАЗВИВА ПО ИСТИОТ РЕДОСЛЕД НА ПОЈАВУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ФУНКЦИИ. 

-ПОДОБРЕНА МЕЃУСЕБНА КОМУНИКАЦИЈА 

-МЕЃУСЕБНО ПОЧИТУВАЊЕ 

-ОСОЗНАВАЊЕ И ПОКАЖУВАЊЕ НА ЧУВСТВА И ЕМОЦИИ 

  1. Развивање компетенции и стекнување комуникациски вештини: Учениците во работилницата да ги унапредат своите способности за активно слушање, поставување прашања, препознавање, изразување и уважување на сопствените чувставa и потреби, справување со лутината;  
  1. Учесниците во работилницата да се оспособат за остварување комуникација преку соработка наместо преку компетенција, конструктивно и ненасилно однесување,  
  1. Уважување на својата личност и и личноста со која се соработува, преземање одговорност за сопственото однесување, изнаоѓање решенија со позитивен исход за сите во заедницата (групата/ одделението/училиштето/семејството/пошироката заедница);     

Discover more from Nobody Less

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Leave a Reply