На 28 мај 2018 година во Скопје, Македонија, беше одржана промоција на два проекти на „Здружението за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО”: поектот Pro Social Values (Просоцијално учење или учење со емпатија) е проект поддржан и финансиран од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија и проектот и проектот ,,МултиЗборко,, е реализиран со подршка на Фондацијата Отворено Општество – Македонија,.
На промоцијата учествуваа 30 едукатори, наставници од Скопје, Охрид, Неготино, Тетово и Битола. На промоцијата учествуваа и Г-а Наташа Ангелеска претставник на Фондацијата Отворено Општество – Македонија, Г-а Гордана Јанакиевска претставник од Бирото за развој на РМ, како и претставници од други релевантни институции и невладини организации чија дејност е поврзана со неформалната едукација која се однесува на инклузивното образование.
Discover more from Nobody Less
Subscribe to get the latest posts sent to your email.