Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Орданка Петкоска

ООУ Рајко Жинзифов”- Горно Оризари – Велес 

ОПИС на активноста             

Децата со хуман гест – радост за птиците во зима! 

    Активноста е инспирирана од обработката на текстот “Снежно оро” од кој произлезе идејата за изработка на хранилки куќички за птици со реупотреба на пластична и картонска амбалажа

  Учениците имаа за задача да изготват во домот дел од хранилките во соработка со своите родители.  

  Подоцна во училиште истите ги доработија. Изготвивме свое лого куќичка и пораки кој ги поделивме во училиштето се со цел  активноста да продолжи и помеѓу  другите ученици.  

  Изготвените куќички ги поставивме на соодветни места во близина на училиштето. На наша голема радост посетивме еден двор во кој не пречека човек кој со години одгледува галаби.Учениците имаа можност да ги нахранат и со чувство на радост донесовме одлука истото да го направат и во близина на својот дом. 

  Зимата и снегот се голема радост за децата , но воедно тие се причина за немир и глад за животните. Ние имавме активност која не бараше материјален влог , а со неа научивме доста и ни донесе многу радост.  

Целта на оваа активност е : 

  • Развивање на креативноста, еколошка свест кај учениците и нивното чувство за хуманост и емпатија.

                                                                                  Рефлексија од примена на активноста во пракса 

По завршената активност учениците искажаа чувство на задоволство,успешност и секако мотивација за следно реализирање и желба да се пренесе нивното ново искуство.Посебно беше значајно чувството на радост дека можеме да помогнеме некому кој е немоќен , на креативен начин.Оваа активност е  чекор напред кон личниот раст  на учениците и новото на свесност и сочувство и хуманост на учениците.

Lasă un răspuns

Descoperă mai multe la Nobody Less

Abonează-te acum ca să citești în continuare și să ai acces la întreaga arhivă.

Continuă lectura