,,Мои права-мои одговорности,,

Валентина Терзиева

ООУ,,Св.Климент Охридски,,-с.Драчево

                                                                             ОПИС НА АКТИВНОСТА

На состанокот на Ученичката заедница,кој редовно се одржува и на кој беа присутни претседателите и замениците председатели на одделенските заедници од 6-то до 9-то одделение се реализира работилница ,,Мои права-мои одговорности,,.Учениците првично беа запознати со престојната активнос, а потоа беа поделени во пет (5) групи. Групите беа составни од по 3-4 ученици.Секоја група доби тема за размислување, одговарање и дискусија. Теми-прашања кои им беа дадени за рамислување на групите беа:  

-Имам право на бесплатно здравство 

-Имам право на бесплатно образование 

-Имам право на чиста животна средина 

-Имам право на одмор и рекреација 

-Имам право на заштита од семејно и било какво насилство 

    Учениците, во склоп на своите групи, ги опишуваа своите ставови за одредена тема, своите позитивни искуства, но и негативни сознанија и доживеани искуства. На крај претставник од секоја група ги искажа ставовите и мислењата за одреденото задолжение, а потоа се разви дискусија за цела тема. 

 

РЕФЛЕКСИЈА

Учениците имаат солидни познавања и позитивни ставови за одредените теми, но и замерки и согледувања за отстапки и непочитување во одредени ситуации.  Претставниците на одделенските заедници треба да ги пренесат стекнатите сознанија на своите соученици, да реагираат во одредени критични моменти, да им укажуваат и на учениците и на своите наставници за повреда на одредени права или пречекорување на одредени ингеренции, да помагаат, да организираат и да заштитуваат во одредени моменти. Тие со своите совети и ставови треба да придонесат за премостување на одредени проблеми во одделението. 

Bir Cevap Yazın

Nobody Less sitesinden daha fazla şey keşfedin

Okumaya devam etmek ve tüm arşive erişim kazanmak için hemen abone olun.

Okumaya devam et