Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

ЛЕНА ЃЕРОВСКА

О.У „КОСТА РАЦИН“ БРВЕНИЦА, ТЕТОВО 

 

Опис на  активноста 

ОВАА РАБОТИЛНИЦА Е НА ТЕМА НЕНАСИЛНО РАЗРЕШУВАЊЕ НА ONLINE КОНФЛИКТИ. НА ПОЧЕТОК НА ЧАСОТ, СЕ ПОВЕДЕ ДИСКУСИЈА СО УЧЕНИЦИТЕ НА ТЕМА КОНФЛИКТИ, ЗОШТО НАСТАНУВААТ И КАКВИ МОЖАТ ДА БИДАТ (ВЕРБАЛНИ, НЕВЕРБАЛНИ, ФИЗИЧКИ). ПОТОА НАПРАВИВМЕ СПОРЕДБА СО ONLINE КОНФЛИКТИТЕ, ДАЛИ ПОСТОИ РАЗЛИКА СО РЕАЛНИТЕ КОНФЛИКТИ, ДАЛИ ВО ONLINE КОМУНИКАЦИЈАТА СМЕ ПОХРАБРИ ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО КОНФЛИКТИ И КАКО НАЈЧЕСТО ЗАВРШУВААТ? ВО ГЛАВНИОТ ДЕЛ НА ЧАСОТ, ПРЕКУ ГЛУМЕЊЕ УЛОГИ, ДВАЈЦА УЧЕНИЦИ ПРЕЗЕНТИРАА СЦЕНАРИО НА ONLINE КОНФЛИКТ, СЕДНАТИ ГРБ СО ГРБ, ЗА ДА НЕ СЕ ГЛЕДААТ ИСТО КАКО ШТО ТОА ГО ПРАВАТ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ. ОСТАНАТИТЕ УЧЕНИЦИ ЈА АНАЛИЗИРАА ЦЕЛАТА СИТУАЦИЈА И ПОТОА ЗАЕДНИЧКИ ДИСКУТИРАВМЕ ДАЛИ КОНФЛИКТОТ МОРАШЕ ДА ЗАПОЧНЕ? ДАЛИ МОЖЕШЕ ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ИЛИ ДА СЕ РАЗРЕШИ НА ПОИНАКОВ НАЧИН? ДОДЕКА ТРАЕ АНАЛИЗАТА НАСТАВНИКОТ НА ТАБЛА ПРЕКУ ТЕХНИКАТА МИСЛОВНА МАПА, НАПРАВИ ЕДЕН ГРАФИЧКИ ПРИКАЗ НА РАЗМИСЛУВАЊАТА И ИДЕИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ. ВО ЗАВРШНИОТ ДЕЛ НА ЧАСОТ, УЧЕНИЦИТЕ ВО ПАРОВИ, ИЗРАБОТИЈА ПЛАКАТ НА ТЕМА „СОВЕТИ ЗА НЕНАСИЛНО РАЗРЕШУВАЊЕ НА ONLINE КОНФЛИКТИ“. РАБОТИЛНИЦАТА ЗАВРШИ ВО НАТПРЕВАРУВАЧКА АТМОСФЕРА, БЕА ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ПЛАКАТИ КОИ ЌЕ БИДАТ ИСПЕЧАТЕНИ И ИСТАКНАТИ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА УЧИЛИШТЕТО ЗА ДОБРИОТ ГЛАС ДА СТИГНЕ ДО СИТЕ ОСТАНАТИ УЧЕНИЦИ. 

 

                                                                                     Рефлексија од примена на активноста во пракса 

РАБОТИЛНИЦАТА БЕШЕ УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА И ПОЗИТИВНО ПРИФАТЕНА ОД СТРАНА НА УЧЕНИЦИТЕ, ТИЕ БЕА ПОТТИКНАТИ НА РАЗМИСЛУВАЊЕ И МОТИВИРАНИ ЗА ОБРАБОТКА НА ИСТАТА. ТИЕ САМИТЕ ПРЕКУ ДИСКУСИЈА СПОДЕЛИЈА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ОД НИВНОТО ONLINE ЖИВЕЕЊЕ, НО ИСТО ТАКА ИСТАКНАА И ДЕКА ЗНААТ НАЧИНИ КАКО ДА ГИ ИЗБЕГНАТ ИЛИ ДА ГИ РАЗРЕШАТ ОВИЕ КОНФЛИКТИ БЕЗ НАСИЛСТВО. РАБОТИЛНИЦАТА ГО ДОБИ ОВОЈ НАСОЛВ БАШ ПОРАДИ ОВИЕ НИВНИ ИСКАЗИ ДЕКА ПОЗНАВААТ НАЧИНИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИТЕ НО ПОТРЕБНА Е САМО ЖЕЛБА ЗА НИВНО СПРОВЕДУВАЊЕ ВО ПРАКСА. ПРЕКУ ИЗРАБОТКА НА ПЛАКАТОТ НА КОМПЈУТЕР ГИ ИСПОЛНИЈА И ЦЕЛИТЕ НА ЧАСОТ ПО ПРОЕКТИ ОД ИНФОРМАТИКА, ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА СТЕКНАТИТЕ ЗНАЕЊА ЗА ИЗРАБОТКА НА ИЛУСТРИРАНИ ДОКУМЕНТИ, А И ЦЕЛИТЕ НА РАБОТИЛНИЦАТА, ГИ СИНТЕТИЗИРАА СТЕКНАТИТЕ ЗНАЕЊА ВО ПОВЕЌЕ ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ Т.Е НЕНАСИЛНО РАЗРЕШУВАЊЕ КОНФЛИКТИ. 


Discover more from Nobody Less

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Leave a Reply

Discover more from Nobody Less

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading