Пријава за учество на конкурс  Pro Social  Values  работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

ВО НАШЕТО СРЦЕ ИМА МЕСТО ЗА СИТЕ, ООУ ПЕТРЕ ПОП АРСОВ-БОГОМИЛА, ЗОРИЦА АДАМЧЕВСКА 

Опис на  активноста: 

УЧЕНИЦИТЕ СЕ ПОДЕЛЕНИ ВО ГРУПИ. 

АКТИВНОСТ 1:ТЕХНИКА НАСТАВНИКОТ ЧИТА НА ГЛАС. ТЕКСТ,, СРАМЕЖЛИВОТО ДЕВОЈЧЕ ТЕМЈАНИКА,, (АВТОРСКИ). ВО ТЕКСТОТ ГЛАВНИОТ ЛИК ТЕМЈАНИКА Е НОВОДОСЕЛЕНО  ДЕВОЈЧЕ СО НЕПОДВИЖНА РАКА И ОШТЕТЕН СЛУХ,КОЕ  БЕЗ ДА БИДЕ ЗАБЕЛЕЖАНО ЧЕСТО ГИ СЛЕДИ ИГРИТЕ НА  ДРУГАРЧИЊАТА ОД МААЛОТО,НО НИКАКО НЕ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО ИГРА.  

АКТИВНОСТ 2: ОТКРИВАЊЕ НА ПРАВИЛНИ И НЕПРАВИЛНИ ПОСТАПКИ НА ЛИКОВИТЕ ВО ТЕКСТОТ. ПРЕДЛОГ ИДЕИ –КАКО ЈАС БИ ПОСТАПИЛ  КОН ДЕВОЈЧЕ НА ИСТА ВОЗРАСТ, НО СО ОШТЕТЕН СЛУХ И НЕПОДВИЖНА РАКА ? ДИСКУСИЈА НА НИВО НА ГРУПА И ИЗНЕСУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНИОТ НА ГРУПАТА ,СЛУЧАЈНО ИЗБРАН СО БРОЈАЛКА. 

АКТИВНОСТ 3: ТЕХНИКА – ВЕНОВ ДИЈАГРАМ .ОТКРИВАМЕ И ИЗНЕСУВАМЕ  РАЗЛИКИ И СЛИЧНОСТИ ПОМЕЃУ  ТЕМЈАНИКА И ОСТАНАТИТЕ ДЕЦА. УЧЕНИЦИТЕ КОИ НАВЕЛЕ РАЗЛИКА ЗАСТАНУВААТ ЛЕВО ,А ОНИЕ СО КАЖАНА СЛИЧНОСТ ДЕСНО ОД ЈАЖЕТО ЗА ВЛЕЧЕЊЕ ..СЛЕДУВА .ПОДВИЖНА ИГРА ,,ТЕГНЕЊЕ ЈАЖЕ,, ( ПОБЕДНИЦИ СЕ СЛИЧНОСТИТЕ) 

ЗАКЛУЧОК –НИЕ ДЕЦАТА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ СЛИЧНОСТИ ОТКОЛКУ РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ НАС 

АКТИВНОСТ 4:НИЕ ВО УЛОГА НА МАЛИ АВТОРИ -СМИСЛУВАМЕ ПОИНАКОВ КРАЈ НА ПРИКАЗНАТА . 

ЗАВРШНА АКТИВНОСТ – ,,ВО НАШЕТО СРЦЕ ИМА МЕСТО ЗА СИТЕ,, 

СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИВА ДЕЛЧЕ ОД МАКСИ СЛОЖУВАЛКА -СРЦЕ КОЈА ПРЕТСТАВУВА ЕДНО ЦЕЛОСНО ОДДЕЛЕНИЕ ,А ДЕЛЧИЊАТА СЕ ВСУШНОСТ УЧЕНИЦИТЕ.ЗА СЕКОЕ ДЕЛЧЕ ИМА МЕСТО ВО СРЦЕТО КАКО ШТО ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК ИМА МЕСТО ВО ОДДЕЛЕНИЕТО.РЕДЕЊЕТО Е ПРИДРУЖЕНО СО МУЗИКА  ДЕТСКА ПЕСНИЧКА ,,ВЕСЕЛИ ДЕЧИЊА,, 

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

УЧЕНИЦИТЕ ЗАДОВОЛНИ И ЦЕЛОСНО ВНЕСЕНИ ВО ПРОБЛЕМОТ ИЗНЕСОА ГОЛЕМ БРОЈ ПОРАКИ ОД ТЕКСТОТ НА КОЈ ВСУШНОСТ И САМИТЕ БЕА АВТОРИ.

 

 

 

. 


Discover more from Nobody Less

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Leave a Reply

Discover more from Nobody Less

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading