Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во  образованието 

Нашето село-наша одговорност и грижа, Ленче Стојановска и Дунавка Коштревска, ОУ „Кочо Рацин“ с.ИвањевциПУ ТрновциМогила 

Опис на активностa:

Грижата за хигиената во селото од година во година станува проблем на некој друг. Секој жител има идеја како некој друг може и треба да ја среди околината, независно дали ќе ја посочи општината, градоначалникот, комуналното претпријатие, но ретко кој е свесен дека промената започнува токму од него. Преку активностите на нашите ученици покажавме дека промените не се чекаат туку доаѓаат токму од нас и наша заедничка акција: 

  1. Еко патрола низ селото за проценка на состојбите со хигиената 
  2. Мотивационен разговор со учениците и анализа на податоците собрани од еко патролата. 
  3. Подготовка на акционен план за изведување на активностите за интервенција: 
  • Изготвување на еко пароли за соодветни локации 
  • Собирање на алати и прибор за чистење 
  • Формирање на работни групи за следните локации:  
  • Училишен двор и повеќенаменско игралиште 
  • Амбуланта 
  • Детско игралиште во селото 
  • Автобуски постојки 
  • Истакнување на еко пораки на ралични локации во селото

4. Изведување на наведените активности од акциониот план и завршна анализa 

5. План за одржливост на проектот 

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

Учениците покажаа пример на просоцијално однесување со кое ги поттикнаа возрасните да делуваат заеднички и да се разбуди свеста за лични иницијативи за одржување на хигиената во својата животна средина. 

Родителите активно ја поддржаа акцијата.  

Еко паролите станаа грижа на целото население. 

Учениците се мотивирани да планираат слични активности за периодот кој следува.  

 


Discover more from Nobody Less

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Leave a Reply

Discover more from Nobody Less

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading