Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
ПРЕЗЕМАЊЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОСТАПКИТЕ, СОЊА ЈАНКУЛОВСКА, Даме Груев -Битола
Опис на активноста:
ГЛАВНА АКТИВНОСТ 1: НАСТАВНИКОТ ЈА ЧИТА ПЕСНАТА ОД ТОШЕ ПРОЕСКИ, СНИМЕНА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА УНИЦЕФ, „ЗА ОВОЈ СВЕТ“, И СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИВА ПО ЕДЕН ПРИМЕРОК ОД ПЕСНАТА „ЗА ОВОЈ СВЕТ“.
ДИСКУСИЈА 1
- ДАЛИ СТЕ ЈА СЛУШНАЛЕ ОВАА ПЕСНА?
- ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃА? ЗОШТО?
- КАКО СЕ ЧУВСТВУВАВТЕ ДОДЕКА ЈА СЛУШАВТЕ?
- КОЈ Е ТОЈ ШТО ТРЕБА ДА СЕ БОРИ ЗА ОВОЈ СВЕТ?
- ШТО ПРАВЕЛ ТОШЕ ПРОЕСКИ ЗА ОВОЈ СВЕТ ДА БИДЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА ДЕЦАТА?
- ДАЛИ И ВИЕ МОЖЕТЕ НА НЕКАКОВ НАЧИН ДА ПРИДОНЕСЕТЕ ОВОЈ СВЕТ ДА СТАНЕ МЕСТО ВО КОЕ
ДЕЦАТА ЌЕ ЖИВЕАТ БЕЗ СТРАВ, БЕЗ ГЛАД И БЕЗ ГРИЖИ?
СЕКОЈ УЧЕНИК ДОБИВА ПО ЕДЕН ПРИМЕРОК ОД РАБОТНИОТ ЛИСТ ЗА УЧЕНИЦИ „СО ШТО МОЖАМ ДА ПРИДОНЕСАМ ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ НА ДЕЦАТА?“ И ТРЕБА ДА НАПИШЕ НАЈМАЛКУ ПО ДВЕ КОНКРЕТНИ ПОСТАПКИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ ПРЕЗЕМЕ, НЕЗАВИСНО ОД ДРУГИТЕ, ВО СЕМЕЈСТВОТО, УЧИЛИШТЕТО, СОСЕДСТВОТО, ВО ЗЕМЈАТА И ВО СВЕТОТ.
ОТКАКО ЌЕ ГО ПОПОЛНАТ, УЧЕНИЦИТЕ СЕ ДЕЛАТ ВО ГРУПИ ПО ЧЕТВОРИЦА И ВО СЕКОЈА ГРУПА ЌЕ ТРЕБА ДА ГИ ПРОДИСКУТИРААТ ПРЕДЛОЗИТЕ И ДА ПРОВЕРАТ КОЛКУ СЕ НАВИСТИНА КОНКРЕТНИ И ДОКОЛКУ НЕ СЕ, ДА ОДБЕРАТ ЕДЕН ИЛИ ДВА И ДА СЕ ОБИДАТ ДА ГИ КОНКРЕТИЗИРААТ И ДА ГИ РАСПРЕДЕЛАТ КОНКРЕТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ МЕЃУ СЕБЕ. ВО КОНКРЕТИЗИРАЊЕТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ И НАСТАВНИКОТ.
ПО ЗАВРШУВАЊЕТО, ПО ЕДЕН ПРЕТСТАВНИК ОД СЕКОЈА ГРУПА ГИ ПРЕЗЕНТИРА УСВОЕНИТЕ ПРЕДЛОЗИ ПРЕД ОСТАНАТИТЕ.
ДИСКУСИЈА 2
- КОЛКУ ПРЕДЛОЗИТЕ ШТО ГИ СЛУШНАВТЕ ВИ ИЗГЛЕДААТ ПРИФАТЛИВИ И ОСТВАРЛИВИ?
- ОД КОГО ЗАВИСИ НИВНАТА ОСТВАРЛИВОСТ?
Рефлексија од примена на активноста во пракса:
ЗАКЛУЧОК
ПЕЈАЧОТ ТОШЕ ПРОЕСКИ ОРГАНИЗИРАЛ МНОГУ КОНЦЕРТИ И ПАРИТЕ ОД СОБРАНИТЕ ВЛЕЗНИЦИ ГИПОДАРУВАЛ НА РАЗНИ УСТАНОВИ ЗА ДЕЦА ЗА ДА СЕ ПОДОБРАТ УСЛОВИТЕ ЗА ПРЕСТОЈ И ТРЕТМАН НА ДЕЦАТА. ТОЈ, ИСТО ТАКА, ПОСТОЈАНО ИМ ПОКАЖУВАЛ НА ДЕЦАТА КОЛКУ ГИ САКА И КОЛКУ УБАВО СЕ ЧУВСТВУВА ВО НИВНО ПРИСУСТВО.
И ПОКАЖУВАЊЕТО НА ЉУБОВ ПРИДОНЕСУВА ЛУЃЕТО ДА СЕ ЧУВСТВУВААТ УБАВО, ВЕДРО И БЕЗГРИЖНО.
СЕКОЈ ОД НАС Е ОДГОВОРЕН И МОЖЕ ДА СЕ БОРИ И ДА ПРИДОНЕСЕ СВЕТОТ ДА СТАНЕ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА ДЕЦАТА.
Discover more from Nobody Less
Subscribe to get the latest posts sent to your email.