Пријава за учество на конкурс „Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието 

Собирање и одземање на броеви до 20, ООУ„Гоце Делчев“Прилеп,
Татјана Јованоска 

Опис на активноста:

Активностите се реализираат во природа започнувајќи со разговор за годишното време и  сл. Учениците  имаат  за задача низ тревата да ги пронајдат ластовиците ,пеперутките,мравките да  го избројат  нивното количество да го поврзат со број, да
одговорат на сл.прашања:   

Учениците се поделени на четири  групи, секоја група според задачата си добива и свое  име 

Група : Пчелки ,цветови и ластовички(одговараат на прашањата) Најмногу бројни се
пеперутки со која боја?Колку инсекти има на ливадата?Што има  на ливадата повеќе цветови или ластовички? Скини по еден цвет од ливадата, колку вкупно цветови се обрани од ливадата? 

Група : Шишарки и броеви-Имаат за задача на одреден број да стават онолку шиширки како би  го поврзале бројот со количеството и за состават различни задачи со собирање и одземање од дадените броеви. 

Група : На ливада -На ливадата се распределени различни листови со операции собирање и одземање ,учениците имаат за задача ги го пронајдат збирот или разликата. 

Група : Весели шишиња-Во еден агол се поставени шишиња,со помош на топка учениците треба да турнат што повеќе шишиња ,да го избројат нивниот број и да соберат колку вкупно шишиња успеале да турнат. 

Секоја група презентира и ја објаснува постапката како ја сработиле задачата пред останатите групи. 

Рефлексија од примена на активноста во пракса:

Планираните очекувани резултати беа постигнати 

Учениците активно учествуваа во работата и беа мошне задоволни од начинот на кој се работеше.


Discover more from Nobody Less

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Leave a Reply

Discover more from Nobody Less

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading