Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
„Твојата среќа, моја радост “
Маја Бунтеска и Весна Мегленска
ООУ „Страшо Пинџур“ с. Мало Коњари -Прилеп
Опис на активноста
Ги повикуваме учениците во круг. преку разговор ги запознаваме со новиот поим емпатија. Ги повикуваме на игра, секој ученик кога ќе го добие топчето во своите раце треба да раскаже негово сопствено чувство, кога сочувствувал со некој друг, како му предизвикал радост, среќа или некое друго пријатно чувство на некого. Потоа учениците се запознаваат со активноста на работилницата. Секој ученик има задача да замисли свој таен другар (ученик од групата) со кој другарувањето не му е најдобра страна. нивната задача е во текот на два дена да му приредуваат пријатни изненадувања со кој нивниот таен другар ќе се чувствува пријатно, среќно, вредно, исполнето. Изненадувањата се приредуваат без тајниот другар да знае од кого го добил изнанадувањето. на крајот од работилницата секој треба да се откаже од својот најомилен предмет кој го има во домот и да го подари на својот таен другар, во знак другарсвото, сочувството, радоста и среќата на сите околу нас. учениците со интерес го прифатија предизвикот.
Во текот на двата дена кај учениците беше присутна многу пријатно расположение, среќа и радост. Моѓусебно си приредуваа најразлични изнандувања, си подаруваа најразлични подароци, цртежи, мотивирачки пораки. Учениците развиваа способност на креативен начин да ги изразат своите чувства и истовремено да се радуваат на малите нешта. Некои беа изненадени од тоа колку се значајни во училницата иако тоа претходно не се забележувало кај нив.
На крајот од дводневната работилница повторно учениците беа собрани во круг. Ги опишуваа своите чувства, искуства, опишуваа како се чувствувале кога биле изненадени и како кога предизвикале радост кај учениците на кои им подарувале нешто. Потоа дискутиравме за вредноста на подароците па така учениците дојдоа до заклучок дека за да се направи некој човек среќен не се потребни средства, потребна е само желба за тоа. За крај секој ученик претпоставуваше кој му го приредил изненадувањето а потоа беа откриени паровите на тајните другари. со цел да потврдат дека навистина позитивното го надвладеало негативното учениците меѓусебно си ги разменија нивните најомилени предмети. Активноста заврши со насмеани лица, среќни за своте постапоки и задоволни што оваа активност им помогна да ги искажат своите емоции и да се променат во своето однесување.
Рефлексија од примена на активноста во пракса
Целите на оваа работилница беа успешно совладани. Учениците без да бидат свесни предизвикуваа пријатни чувства, емоции и го даваа вистинското значење на секој поединец во училницата. Тие разбраа дека ова може да продолжии во секојдневниот живот и дека сочувствувањето со другиот е најважно за еден среќен човек. Увидоа дека нема лоши другарства и дека секој може да биде наш другар доколку правилно се постапи со него.
Discover more from Nobody Less
Subscribe to get the latest posts sent to your email.